Достапни линкови

logo-print

Централно-десничарската коалиција победи во Словачка


Официјалните резултати од изборите во Словачка покажуваат дека Централно-десничарските партии се подготвени да го освојат парламентарното мнозинство, со што ќе ја сменат досегашната коалиција и ќе треба да формираат нова влада. Левоориентираната партија на премиерот Роберт Фицо освоила најголем број од гласовите или 36 проценти со што ќе има 63 места во 150 члениот парламент. Но петте централно десничарски партии заедно добиваат мнозинство и ќе имаат 78 места во парламент. Десничарите ветија дека ќе ја подобрат деловната клима во Словачка, ќе го намалат буџетскиот дефицит, а во својата кампања се осврнаа и на затегнатите односи со соседна Унгарија , која неодамна на Унгарците во Словачка им дозволи лесно да можат да добијат унгарско државјанство. На вчерашните избори гласале 80 проценти од луѓето кои имаат право на глас.
XS
SM
MD
LG