Достапни линкови

logo-print

Потпретседателите на САД и Јужна Африка сонуваат за финале на Мундијалот


Џо Бајден во живо ќе го гледа првиот натпревар на своите репрезентативци на Мундијалот. Соединетите држави играат против Англија.

Потпретседателите на Соединетите држави и на Јужна Африка делат ист сон, нивните фудбалски репрезентации да играат во финалето на Светското првенство.

Кдалма Мотланте денеска во Јужна Африка го дочека својот американски колега. Пред да почнат со официјалните разговри за климатските промени и за изградбата на Хаити, јужноафриканскиот потпретседател изјави дека сака да види како во финалето неговата земја игра против Соединетие држави. А Џо Бајден на тоа одговори „од ваша уста во божји уши“.

Бајден во живо ќе го гледа првиот натпревар на своите репрезентативци на Мундијалот. Соединетите држави играат против Англија.

Јужна Африка е последната станица од африкаснката турнеја на Бајден, претходно тој ги посети Египет и Кенија.

XS
SM
MD
LG