Достапни линкови

Чисто Куманово


Куманово
Куманово

Комуналното претпријатие за одржување хигиена и зелени и цветни површини „Чистота и зеленило“ во Куманово спроведува акција за разеленување и чистење на јавните површини во градот. Граѓаните се свесни дека хигиената мора да се оддржува, но освен свесност потребно е менување и на навиките.

Комуналното претпријатие за одржување хигиена и зелени и цветни површини „Чистота и зеленило“ во Куманово последните шест месеци забележува видливи резултати. Плановите полека се реализираат, се воведуваат новини, а за тоа амин е добиен и од општинските советници и од локалната самоуправа. Она што е ново, според директорот Сашо Петрушевски е производство на саксиско цвеќе, за што тој објаснува:

„Веќе во двата наши расадника има цвеќе, има услови за отворање наши продавници, како и услуги на трети лица, кон граѓаните и претпријатијата во Куманово и во РМ, за да можеме да ги уредуваме и разубавуваме дворовите на граѓаните.“
Одзивот на граѓаните не беше целосно позитивен. Меѓутоа разбудивме иницијатива кај претседателите на куќните совети


Во изминатиот период беа спроведени и 14 акции за чистење на јавните површини во близина на станбените комплекси по реони. За одзивот и за резултатите од тоа, Петрушевски додава:

„Одзивот на граѓаните не беше целосно позитивен. Меѓутоа разбудивме иницијатива кај претседателите на куќните совети.“

Граѓаните ги подржуваат активностите за разубавување на Куманово, меѓутоа сметаат дека за градот да стане таков каков што тие го посакуваат има уште многу работа и менување на навиките.

„Не гледам драстични промени. Добро е што не оди кон полошо. Сепак има проблем со отпадоците кои секојдневно ги забележувам по
Не гледам драстични промени. Добро е што не оди кон полошо. Сепак има проблем со отпадоците кои секојдневно ги забележувам по улиците. Нема доволно садови за смет.
улиците. Нема доволно садови за смет, поради што сме принудени отпадоците да ги носиме по џебовите доколку не сакаме да ги фрлиме на улица, а најблиската канта не секогаш е блиску.“

Но, не е само тоа што им пречи на кумановци.

„Страшно ми пречи што зеленилото или пешачките површини се узурпирани од кафулиња или кафеани. Како и шетање на кучињата без контрола кои нивната физиолошка потреба ја извршуваат по тревниците по кои потоа децата се шетаат или играат.“

Тоа е дел од несменетите навики на нашите луѓе. Едногласни се кога ги критикуваат другите, се критикуваат себеси, а не преземаат ништо.

„Комуналната хигиена зависи и од нас самите. Немаме свест отпадоците да ги фрламе во кантите,а и канти нема доволно.“
Комуналната хигиена зависи и од нас самите. Немаме свест отпадоците да ги фрламе во кантите, а и канти нема доволно.


Сепак, постои надеж дека тоа ќе се смени оти состојбата оди кон подобро. Зеленилото и цвеќето се забележливи.

„Не сум многу задоволен од „Чистота“. Кантите не се празнат редовно,често пати реагираме,а тие самите треба двапати неделно да ги чистат.“

Надлежните исто така се надеваат дека полека но сигурно сите заедно и со малку труд од својот град ќе создадат пристојно,но и пријатно место за живеење.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG