Достапни линкови

Иранската Револуционерна Гарда со полна сила против протести


Иранската Револуционерната гарда ги предупреди приврзаниците на опозицијата да останат подалеку од улиците и да не ја одбележуваат годишнината од спорните претседателски избори во земјата. Високиот командант на Гардата Реза Фарзанех изјавил дека со полна сила ќе се соочат со било какви протести. Се уште нама најави дека ќе има протести на опозицијата. И тие кои беа закажани за денеска , се откажани бидејќи лидерите стравуваат дека може да има насилство. Пред една година по изборот на Махмуд Ахмадинеџад за претседател, опозицијата организираше протести кои резултираа со неколку мртви и стотици уапсени.

XS
SM
MD
LG