Достапни линкови

Балак ќе игра ако Германија влезе во осминафинале


Германскиот фудбалер го пропушта Мундијалот поради повреда на глуждот

Германскиот фудбалер Михаел Балак може да им се придружи на своите другари од репрезентацијата , ако се пласираат во осминафиналето на Светското првенство во Јужна Африка, најавија денеска од националниот тим.

Германија настапува во групата Д со Србија, Гана и Австралија. Натпреварувањето ќе го започне утре со натпреварот против Австралија.

Балак го пропушта Мундијалот поради повреда на глуждот. Германскиот фудбалер во Африка ќе биде со своите соиграчи на тренинзите, а со нив беше и на припремните во Сицилија.

Ова ќе биде прво светско првенство од 1998 , што Балак ќе го гледа од трибини и на кое нема да учествува. Во колумна во „Тајмс“ Балак напиша дека му паѓа тешко што само ќе гледа, но дека многу го сака фудбалот и ќе се обиде да гледа што е можно повеќе натпревари.




XS
SM
MD
LG