Достапни линкови

Нов биланс на жртви во Киргистан:62 мртви и 800 повредени


Се зголемува бројот на жртви во насилствата меѓу Киргистанците и Узбекистанците на југот на Киргистан. Властите соопштуваат дека досега загинале 62-ца луѓе а 800 се повредени. Привремената власт во Киргистан побара помош од Русија за да се смират етничките конфликти. Привремената лидерка на Киргистан, Роза Отунбаева изјавила дека без помош од странство неможе да се справи со насилството на југот од земјата.
XS
SM
MD
LG