Достапни линкови

Марадона: Би умрел за моите фудбалери


Селекторот на репрезентацијата на Аргентина изјави дека дел од играчите ги чуствува како синови, а некои како браќа

Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина Диего Армандо Марадона рече дека му е толку важно како се чувствуваат неговите фудбалери на Светското првенство, што ако треба би умрел за нив.

„Подготвен сум да умрам за овие 23 играчи поради се што даваат на тренинзите, поради нашите убави и искрени разговори, поради нивното срце, поради чувството што го имаат додека гордо го носат дресот на Аргентина. Тие знаат како се чувствува аргентинскиот народ и му враќаат на вистински начин. Поради сето ова, мислам дека сме подговени да тргнеме во реализација на нашиот сон, а тоа е титула“, порача Марадона.

Тој додаде дека некои од играчите ги доживува како синови, некои како браќа, но дека покрај се тој сепак е шеф.

„Сo сите сум близок, но се знае кој од нас го има последниот збор. На некои од фудбалерите можам да им бидам татко, а и самите ми се доверуваат и за своите приватни проблеми“ , рече Марадона пред денешниот дуел со Нигерија кој почнува во 16 часот
XS
SM
MD
LG