Достапни линкови

Сејдиу нема да го повика Тадиќ на минисамитот во Призрен


Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу нема да го повика претседателот на Србија Борис Тадиќ да присуствува на минисамитот на претседатели на земји од регионот кој ќе се одржи во Призрен , соопштиле денеска од Приштина. На состанокот ќе присуствуваат претседателите на Албанија, Македонија и на Црна Гора .Главна тема на планираниот состанок ќе биде соработката меѓу тие земји.

XS
SM
MD
LG