Достапни линкови

Отунбаева побара од Русија воена помош за смирување на тензиите


Привремената лидерка на Киргистан, Роза Отунбаева денеска побарала од рускиот претседател Дмитриј Медведев да испрати воени сили како помош да бидат запрени етничките насилства во јужен Киргистан. Отунбаева оценила дека етничките насилства излегле од контрола и оти без помош однадвор не можат да бидат запрени. Засега од Русија нема одговор.
XS
SM
MD
LG