Достапни линкови

Во Киргистан продолжуваат судирите, над 50 загинати


Властите во Киргистан соопштија дека најмалку 50 луѓе загинале во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили во текот на изминатата ноќ во јужниот град Ош. Над 600 лица биле повредени во истиот град во инцидентите меѓи етничките киргистанци и узбеци, кои подоцна прераснале во битка со полицијата. Според дописникот на Радио Слободна Европа од Ош, групи луѓе од двете етнички заедници се обидуваат да ги смират тензиите, но во градот имало и маскирани провокатори чија цел била разгорување на нов судир. Киргистанската Влада ги повика пензионираните полицајци и воени офицери да помогнат во градот Ош да бидат спречени натамошни меѓу-етнички пресметки кои би можеле да прераснат во граѓанска војна. Хјуман Рајтс Воч ја повика меѓународната заедница да им помогне на властите во Киргистан за ставање на ситуацијата под контрола.
XS
SM
MD
LG