Достапни линкови

Членките на ИСАФ ја потврдија посветеноста кон Авганистан


Министрите за одбрана на земјите од НАТО и на државите кои не се членки на Алијансата, кои учествуваат во мисијата ИСАФ, денеска во Брисел ја потврдија нивната посветеност кон Авганистан кој и понатаму останува клучен приоритет на НАТО. Тие се заложија за создавање услови земјата да може да ја преземе одговорноста за сопствената безбедност, со цел Авганистан никогаш повеќе да не биде безбедно засолниште за тероризмот.
На состанокот во Брисел меѓу министрите за одбрана од 46 земји учеснички во ИСАФ е и министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Коњановски, кој се наоѓа во дводневна посета на седиштето на НАТО во Брисел.
XS
SM
MD
LG