Достапни линкови

Во Скопје синоќа нападнат и ранет таксист


Таксист е ранет синоќа во Скопје околу 23 часот од патници што ги возел.
Како што соопшти МВР, инцидентот се случил кога двајца патници, машко и женско лице влегле во таксито на Љ.П од компанијата „Експрес“ на улица „Благоја Стефковски“, од пред кино Маџари. Кога стигнале на улицата „Јужноморавски бригади“ во населбата „Методија Андонов - Ченто“, машкото лице му вперило пиштол на таксистот и му побарало пари.
Таксистот се бранел дека нема пари, по што патникот испукал еден куршум кон него и му нанел повреда во пределот на образот. Двајцата патници потоа избегале, а на таксистот му била укажана помош од случајни минувачи.
XS
SM
MD
LG