Достапни линкови

logo-print

Летово не очекува топло време со температури и до 40 степени. Кој има пари ќе оди на одмор, кој не ќе си остане дома со семејството. Најпосакувани дестинацији за летните одмори се Турција, Грција, Црна Гора, Хрватска, Египет. Цените се движат од 100 евра во јуни за 10 дена па се до 600 евра во ек на сезона.

Песочни плажи, нозете во вода, лежалка, во едната рака ладен пијалок а во другата ладало или карти за партија брич. Ова е еден од рецептите за убаво разладување од високите температури летово.Метеоролите најавија топло лето со темепратури до 40 степени кои деновиве ги почуствувавме.Дел од граѓаните се жалат дека нема да имаат пари за да побегнат од жештините и да си дозволат луксуз или пак работодавачите нема да им дадат слободни денови за да одморат од работата.

,,Нема пари неможеме да си го приуштиме тоа задоволство.“

,,Нема одмор, не ни даваат одмор. Не стигнуваат пари за храна, а не и за одмор.“

,,Само недела сум слободен, така да тешко и викенди.“

Оние кои што можат да си дозволат мал одмор и бегство од Скопје ке се разладуваат на планина или покрај езеро но нема да излезат од земјава.

,,Имаме сопствен стан таму, сместувањето не го плаќаме и фактички ние ќе се преселиме таму летово. И животот таму ни е поевтин, сметките ни се помалил.“

,,Ние секоја година гледаме да излеземе. Немора којзнае колку. Пет дена, пет.“

Дали примањата ви се доволни за да поминете убаво на одмор?

,,Па не ни се големи, но со помош на синот и снаата успеваме.“

,,Најмногу би сакала планински одмор, некаде на селски туризам тука во Македонија.“

Најпосакувани дестинацији за летните одмори се Турција, Грција, Црна Гора, Хрватска, Египет. Цените се движат од 100 евра во јуни за 10 дена па се до 600 евра во ек на сезона.

,,Сега ќе одиме во Анталија, тоа ни е пракса веќе три-четири години одиме таму во јуни бидејќи во јули и август е многу топло таму. Па кога ќе се вратиме малку да одмориме и почнуваме со редовниот одмор.“

,,Луѓето велат потроши толку и толку, а тие купуваат и гардероба таму додека ние наменски си ги трошиме парите.“

Жештината не е пресудна за одмор, важни се парите велат луѓето. Тој што не може да си дозволи одмор во некоја од туристички дестинации летото ќе го помине дома со своето семејство.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG