Достапни линкови

Кратење на капиталните расходи


Да се скратат непродуктивните трошења за изградба на музеи и споменици, а не капиталните расходи, бара опозицијата и експертите

Да се скратат непродуктивните трошења за изградба на музеи и споменици, а не капиталните расходи, бара опозицијата и експертите

Наместо кратење на капиталните инвестиции, да се скратат непродуктивните трошоци, порачуваат економските експерти. Во капиталните расходи не смее да се штеди бидејќи тие даваат повратен бенефит, велат тие. Владата во ребалансот на буџетот најголемо кратење предвидува кај капиталните инвестиции.

Погрешно е да се крати кај капиталните инвестиции, реагира опозицијата и дел од економистите. Експертите препорачуваат да се крати на непродуктивни трошоци и на изградбата на нестопански јавни објекти, а не на капитални инвестиции. Кога се крати кај капиталните инвестиции тоа значи и намалување на економскиот раст, велат тие. Опозицијата смета дека најавеното кратење на буџетот е премало.

Министерот за финансии Зоран Ставрески вчера најави дека буџетот ќе биде скусен за 76,4 милиони евра. Капиталните расходи се скратени за 84,8 милиони евра. Министерствата за здравство, за правда и за внатрешни работи, со ребалансот добиваат повеќе пари од што беше предвидено претходно.
Ставрески рече дека кратење има кај многу проекти но, дека ни еден проект нема да прекине, туку ќе се забави нивната динамика согласно можностите на буџетот во оваа фаза. Од ребалансот не е поштеден ни проектот Скопје 2014, жичарницата до Водно, изградбата на спортските сали...

Ставрески рече дека не е поштеден ни еден проект затоа што смета дека товарот од ребалансот треба да се распредели подеднакво. На тоа реагира пратеничката Роза Топузова Каревска од ЛДП. Во
Капитална инвестција е онаа што дава повратен бенефит. Музеј или да речеме, зграда, споменик, археолошки истражувања тоа не се капитални инвестиции. Значи треба да се разграничи што е капитална инвестиција и што очекуваме
од тоа.
капиталните расходи не смее да се штеди, вели таа.
Министерот за финансии Зоран Ставрески гувернерот на Народна банка Петар Гошев

„Капитална инвестција е онаа што дава повратен бенефит. Музеј или да речеме, зграда, споменик, археолошки истражувања тоа не се капитални инвестиции. Значи треба да се разграничи што е капитална инвестиција и што очекуваме од тоа.“

Таа вели дека не смее да се штеди на инфраструктурни проекти затоа што од тоа економијата ќе има корист. Со неа се согласува и поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини. Тој вели дека треба да се крати на непрофитабилните проекти.

„Треба да се кратат 100-тините милиони што си ги дава оваа влада за буквални глупости. Градење на музеи и споменици не му треба никому.“
Треба да се кратат 100-тините милиони што си ги дава оваа влада за буквални глупости. Градење на музеи и споменици не му треба никому.


Најголемо кратење има кај капиталните расходи. Нема намалување на платите и пензиите. Сепак, владата најави дека ќе заштеди 16,2 милиони евра и на стоки и услуги и патни трошоци. Премиерот, министрите и сите избрани функционери во наредните две години ќе добиваат 10 отсто помала плата, а министрите и нивните заменици нама да добиваат дневници за патување во странство. Лимитот на сметките за мобилен се намалува за 30 отсто, а за исто толку се намалуваат и надоместоци за управни и надзорни одбори.

„Незначителните, популистички кратења околу службените патувања мислам дека нема во голема мера да допринесат за подобрување на целокупната ситуација во Македонија“, вели пратеничката Роза Топузова Каревска од опозициската ЛДП.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG