Достапни линкови

Ахмадинеџад: нуклеарните сили сакаат монопол


Светските нуклеарни сили сакаат да ја монополизираат техонологијата и да ги спречат другите да користат нуклеарна енергија. Ова го изјави иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад кој денеска го посети иранскиот павилион на Светската изложба во Шангај. Според него, нукеларните сили тоа го прават со цел да ги заштитат нивните материјални интереси. Советот за безбедност на Обединетите нации во средата усвои резолуција за воведување построги санкции против Иран поради неговата контроверзна нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG