Достапни линкови

Истекуваaт 40 илјади барели нафта дневно


Американските научници објавија нови пресметки во кои се наведува дека би можело да истекуваат над 40 илјади барели нафта дневно од бушотината на Бритиш петролеум во Мексиканскиот залив. Во претходните пресметки објавени пред еден месец се наведуваше дека станува збор за не повеќе од 19 илјади барели истечена нафта на ден. Американскиот претседател Барак Обама за наредната среда побара средба со раководството на Бритиш петролеум чија нафтена платформа експлодира на 20 април и оттогаш истекува нафта во морето.
XS
SM
MD
LG