Достапни линкови

Светот во фудбалски транс


Во Јужна Африка денеска почна 19 Светско првенство во фудбал. Првиот натпревар во Јоханесбург на новиот стадион наречен Град на фудбалот го одиграа нерешено домаќинот и Мексико, 1:1.

На отворањето не присуствуваше Нелсон Мандела, 91 годишната икона на борбата против аперхејдот и поранешен претседател на Јужна Африка кој доживеа семејна трагедија, бидејќи неговата правнука загинала во сообраќајна несреќа по концертот во чест на Мундијалот.

Од натпреварот меѓу Јужна Африка и Мексико


На отворањето на финалниот турнир на најпопуларниот спорт на светот пред над 90 илјади посетители на стадионот и стотина милиони гледачи пред малите екрани говореше претседателот на Јужна Африка Јакоб Зума кој изјави дека Африка со ова му покажала

Ние како земја сме многу почестени да бидеме домаќини на еден од најголемите спортски турнири во светот.

на светот дека е способна да организира настани од вакви големи размери.

,,Ние како земја сме многу почестени да бидеме домаќини на еден од најголемите спортски турнири во светот.,,

Пред него претседателот на ФИФА Сеп Блатер изјави дека овој настан ги зголемува надежите за Африка и ќе донесе уживање и задоволство за целиот свет.

,,Честитки. Честитки до африканското население и до Јужна Африка која успешно го организира овој куп.,,

Во финалниот турнир влегоа 32 земји, меѓу нив и Италија кој победи на претходниот Светски куп одржан пред 4 години во Германија. Квалификациите за сегашниот турнир почнаа во 2008 година и на него стартуваа 204 екипи.

Во наредните триесет дена ќе се одиграат 64 натправари во десет стадиони низ Јужна Африка.

Како главни фаворити се сметаат Бразил и Шпанија, но тука се и Аргентина, Германија, Холандија, Франција, Англија.

Сепак, со многумина играчи кои нема да настапуваат поради повреди, како и со секогаш присутната можност на повторување на приказната за Пепелашка, спортските коментатори велат дека се е можно.

Од натпреварот Јужна Африка, Мексико


На Мундијалот во почетокот се игра во 8 групи по што за 16 те најдобри репрезенатции почнува фазата на елиминирање која завршува на 11 јули со финалниот меч кој ќе го даде новиот светски првак.

Во Јужноафриканските градови поради Светскиот куп од поодамна владее славеничка атмосфера, а учениците од 9 јуни се на вонреден едномесечен, таканаречен фудбалски распуст.

Во меѓувреме илјадници навивачи од целиот свет пристигнуваат во Јужна Африка, а аеродромот во Јоханесбург веќе е претворен во мини навививачка зона каде што има вистинска експлозија на национални бои и знамиња.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG