Достапни линкови

Во Киргистан, најмалку 17 загинати


Најмалку 17 луѓе биле убиени, а над 200 биле повредени во новиот бран насилство што избувна во Киргистан. Преодната влада прогласи вонредна состојба во градот Ош и испрати војнци и оклопни возила за да ги спречат тепачките меѓу ривалските групи. Според информациите, во насилствата биле вклучени неколку илјади млади луѓе кои кршеле излози и палеле автомобили. Некои насилствата ги поврзуваат со етничките конфликти меѓу киргизите и узбеците во регионот. Освен во Ош, вонредна состојба е прогласена и во уште три соседни региони.
XS
SM
MD
LG