Достапни линкови

Иванов-ЕУ без Македонија и Балканот незавршена приказна


Европската унија без Балканот и без Македонија е како незавршена приказна, изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов, на отворањето на Конференцијата „20 години по обединувањето на Германија: лекции за обединета Европа“ во Охрид. Според него земјава може да придонесе во градењето на европски мир, каде ќе има слобода на движење, идеи, капитал и производи и каде што секој ќе има свои права и идентитет. Во унијата ќе влеземе како македонски граѓани, со нашата традиција, нашите вредности и нашето достоинство, заклучи Иванов истакнувајќи дека е потребна храброст и истрајност за некој да се избори за она што му припаѓа.
XS
SM
MD
LG