Достапни линкови

Започнува Светското фудбалско првенство во Јужна Африка


Светското фудбалско првенство во Јужна Африка започнува денеска со натпреварот меѓу домаќинот и Мексико. Во другата група А во Кејп Таун силите ќе ги одмерат Франција и Уругвај. На вчерашниот концерт во Совето во чест на отварањето на најпопуларниот спортски настан претседателот на Јужна Африка, Јакоб Зума изјави дека со првенството земјата покажува дека може да се справи и со организирањето на вакви настани. На концертот настапија Шакира, Блек Ај Пис и некои африкански музичари.
XS
SM
MD
LG