Достапни линкови

Иранската опозиција го откажа маршот


Иранската опозиција го откажа маршот со кој требаше да се одбележи годишнината од протестите по минатогодишните претседателски избори во јуни. Двајцата опозициски лидери Мир Хосеин Моусави и Мехди Каруби изјавиле дека тие не добиле дозвола за одржување на маршот, иако ветија дека тој ќе биде мирен и без инциденти. Американскиот претседател Барак Обама го повика светот да им даде поддршка на Иранците, кои се борат за слобода во нивната земја.
XS
SM
MD
LG