Достапни линкови

Хрватскиот парламент усвоил важни уставни измени


Хрватскиот парламент денеска усвоил проект за уставни измени со што ќе се овозможи приближување на националното законодавство со правните норми на ЕУ. За промените гласале 123 од 128 пратеници. Властите ќе добијат право со тие измени, да предаваат граѓани на државата на судски инстанци на трети држави меѓу кои и на држави што не се членки на Унијата. Хрватската народна банка и Државната канцеларија за ревизии ќе добијат поголем степен на автономија од Владата. Измени ќе бидат внесени и во избирачкиот систем.
XS
SM
MD
LG