Достапни линкови

Грција:ПЈРМ да го смени и Уставот ако е потребно


Доколку имплементирањето на „ерга омнес“ решение за надминување на спорот со името значи и промена на Уставот на ПЈРМ, тоа треба да се случи, рекол портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Григорис Делавекурас, на редовниот брифинг со новинарите во Атина, јавува Телевизија Канал 5. Делавекурас рекол дека Македонија на секој можен начин ги прекршувала одлуките на Обединетите Нации и на времената спогодба и поради тоа Атина бара решение што ќе биде за севкупна употреба. Од грчкото МНР соопштиле дека имаат редовни контакти со посредникот Метју Нимиц, но засега немаат информација за нова средба со преговарачите на двете земји.
XS
SM
MD
LG