Достапни линкови

Во Јоханезбург утре ладно


Зима во Јужна Африка

За утре, на отворањето на Светското Првенство во фудбал во Јужна Африка, во Јоханезбург се предвидуваат многу ниски температури. Според прогнозата, утре ќе биде меѓу 3 и 16 степени целзиусови. Натпреварите ќе се играат во 9 градови во Јужна Африка, каде што владеат различни климатски услови. Инаку, во Јужна Африка е зима и за прв пат ова е зимско светско првенство во фудбал.

Ограбени и тројца грчки репрезентативци

На тројца грчки репрезентативци им биле украдени парите од хотелската соба, соопшти полицијата. Грчката репрезентација е сместена во хотелот Беверли Хилс во Умланга, северно од Дурбан. Вчера беа ограбени и група новинари кои ги следеле активностите на Шпанија и на Португалија, но полизијата денеска соопшти дека крадците биле фатени.

Пеле - Бразил и Шпанија се фаворити


Според фудбалската легенда – Пеле, Бразил и Шпанија се најсилните репрезентации на ова Светско Првенство, иако тој би сакал во финалето да играат Бразил и некоја држава од Африка. Според Пеле, спортската глобализација придонесе за намалување на разликите во квалитетот меѓу екипите, но исто така и се намалено можностите за изненадувања, бидејки тренерите многу добро се запознати со можностите на противничките фудбалери.

Контрола на емоциите - побарал Капело


Новиот капитен на Англија, Стивен Жерар изјави дека селекторот Фабио Капело ги предупредил играчите дека мора да бидат дисциплинирани и да ја контролираат агресијата. Потребата од контролирање на нервите се појави откако Вејн Руни, на тренинг натпревар во понеделникот, го навредувал судијата.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG