Достапни линкови

Русија:Санкциите кон Иран немаат врска со испораката на ракети


Руското Министерство за надворешни работи соопштува дека новите санкции на ОН против Иран поради неговата нуклеарна програма не ја обврзат Москва да се откаже од договорот за испорака на ракети на Иран. Портпаролот на министерството, Андреј Нестеренко изјавата ја даде по веста објавена од Интерфакс дека Русијa ќе ја замрзне испораката на ракети. Западните сили се спротиставијa на тој договор, бидејќи стравуваат дека Иран ќе ги употреби ракетите за заштита на своите нуклеарни објекти во случај на воздушен напад.
XS
SM
MD
LG