Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ соработува со македонските власти за случајот со Норвежанецот


ОБСЕ и властите во Македонија соработуваат добро во врска со случајот со норвешкиот советник во Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје осомничен за поседување детска порнографија во компјутерски систем . Норвешкиот советник е осомничен, а не обвинет и ние се грижиме за презумпцијата на невиност, изјави Вирџинија Кулудон портпаролот на ОБСЕ во Виена . Кулидон изјавила дека за ОБСЕ е важна борбата против трговијата со луѓе, детската порнографија, како и почитувањто на законот вклучувајќи ја и презумпцијата на невиност. На почетокот на овој месец, македонското МВР поднесе кривична пријава против вработен во Мисијата на ОБСЕ во Македонија .



XS
SM
MD
LG