Достапни линкови

Членството во НАТО во сенка на ЕУ


Знамето на НАТО

Знамето на НАТО

Дали НАТО интеграциите се засенети од активностите за влез на Македонија во европското семејство? Аналитичарите сметаат дека не треба да се одвојуваат двата процеса бидејќи критериумите се слични, а во случајот со Македонија, одбраната мора да биде критериум.

Обезбедување на главната команда на мисијата ИСАФ, обука на авганистанските војници и медицинска помош. Ова се само дел од активностите кои македонските војници ги извршуваат во Авганистан. Портпаролот на Министерството за одбрана Сашко Димов детално ги објаснува активностите на нашите мировници.
Не може да се одвојуваат двата процеси бидејќи критериумите по сите пет-шест прашања значи политички критериуми, безбедносни критериуми, економски критериуми итн. во принцип се исти или слични.


,,Еден дел од нашите мировници се наоѓа во Кабул каде што ја обезбедува главната команда на ИСАФ мисијата. Друг дел од нашите мировници, односното со последното зголемување што го направивме со 79 нови мировници се сместени во Баграм и тие се дел од мисијата ФЕНИКС каде што заедно со припадниците од националната гарда на Вермонт, учествуваат во обука менторирање на авганистанската армија и полиција.“

Во Авганистан има и медицински тим, додава Димов:

,,Така припадници на АРМ се сместени и во Најмана каде што учествуваат заедно со големиот норвешки медицински тим како и нашите припадници како дел од тимовите учествуваат со германските мировници во северниот дел од Авганистан.“

Македонските мировници во Авганистан


Македонија е една од земјите која најактивно е вклучена во мировната мисија во Авганистан, пвелат во Министерството за одбрана. Сепак, се чини дека вниманието на јавноста повеќе се фокусира на евроинтеграциите. Добивањето на датум за преговори по постигнување на разумен компромис со соседна Грција навидум е главна тема во политичката јавност деновиве. Од тука се поставува и прашањето дали НАТО интеграциите се засенети од активностите за влез на Македонија во европското семејство? Професорот по дефендологија д-р. Трајан Гоцевски вели дека двата процеси мора да се одвиваат паралелно.

„Не може да се одвојуваат двата процеси бидејќи критериумите по сите пет-шест прашања значи политички критериуми, безбедносни критериуми, економски критериуми итн во принцип се исти или слични.“

Во случајот на Македонија, одбраната секако треба да претставува приоритет, додава професор Гоцевски.

„Од клучно значење е подолгорочната безбедност и стабилизација, а тоа може да се постигне само преку полноправно членство во НАТО, а процесот за ЕУ треба да тече паралелно и по динамика како што ќе бидеме готови, бидејќи знаеме дека тоа е подолг процес.“

Токму за активностите на мировниците во Авганистан ќе се дискутира денеска и утре на состанокот на министрите за одбрана на НАТО со министрите на земјите кои не се членки на алијансата а учествуваат во КФОР.
XS
SM
MD
LG