Достапни линкови

Србија и Македонија заеднички кон ЕУ?


Српскиот и македонскиот претседател, Тадиќ и Иванов

Српскиот и македонскиот претседател, Тадиќ и Иванов

По вчерашната посета на Тадиќ, експертите советуваат дека заеднички настап на Македонија и Србија кон Европската Унија е она што на Македонија може да и помогне во моменти на стагнација. Тие сметаат дека, што се однесува до посредништво на Тадиќ во спорот за името, не би можело да се очекува голем придонес.

Да се интензивира соработката пред јунскиот самит на Советот на министрите на ЕУ и потребата од забрзана интеграција на регионот, се официјалните теми за кои беше информирано по вчерашната ненадејна посета на српскиот претседател Тадиќ на Македонија. Изјави, и покрај тоа што се очекуваа, немаше и со тоа изостанаа и деталите од средбата со македонскиот претседател. Она што според последните чекори на Тадиќ, имајќи ја на ум неодамнешната негова средба со Папуљас во Грција, како и претходно понудената помош до
Ако двајцата претседатели се усогласиле околу еден ваков заеднички настап, тоа на Македонија може да и помогне и тоа сериозно. Не може да и помогне еверентуална улога на посредник на Тадиќ поради тоа што тој има свој проблем што треба да го решава, така што не ќе може на сметка на ирационалниот проблем на Грција со нас, да гради некоја меѓународна кариера.
македонските власти во форма на посредништво во решавањето на спорот за името може да се извлече како заеднички именител е потребата на Србија, откако Макеоднија ја изгуби својата лидерска позиција во поглед на реформите и приближувањето кон ЕУ по самитот во Букурешт, Србија сака да се наметне како лидер во регионот. Она што нам сега може да ни биде од корист е единсвено заеднички настап кон Европската Унија во момент кога нашата земја стагнира.

Борис Тадиќ

„Ако двајцата претседатели се усогласиле околу еден ваков заеднички настап, тоа на Македонија може да и помогне и тоа сериозно. Не може да и помогне евентуална улога на посредник на Тадиќ поради тоа што тој има свој проблем што треба да го решава, така што не ќе може на сметка на ирационалниот проблем на Грција со нас, да гради некоја меѓународна кариера“, изјави поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле.

Дел од тој заеднички настап кој би бил корисен за Македонија би можело да биде цврсто застанување на одредбите од лисабонскиот договор кои што исклучуваат дополнителни услови за членство во Унијата, појаснува Чашуле. Што се однесува до посредништво во спорот за името, не би можело да се очекува голем придонес, додава професорот Ивица Јосифовиќ.

„Тие, сепак, пак би се свеле на тоа дека се што ќе дојде со намера да помогне во спорот, ќе биде добредојдено.“

Генерално ваквата посета на Тадиќ може да се оцени како позитивна, особено поради фактот произлезен од познатотот меѓународно стојалиште дека соседите најдобро ги разбираат проблемите. Во случајов, Тадиќ е истовремено близок и ги познава и двете страни и македонската и грчката но поместувањата во спорот за името ќе зависи и натаму суштински од посредништвото на ОН, заклучуваат експертите.
XS
SM
MD
LG