Достапни линкови

Ќе биде најдобар Мундијал досега, тврдат организаторите


Претседателот на организацискиот комитет на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка, Дени Џордан изјави дека овој Мундијал ќе биде најдобар досега и ќе докаже дека Африка ги исполнува ветувањата. Атмосферата на воодушевување во земјата, Џордан ја спореди како во времето кога беше ослободен од затвор Нелсон Мендела во 1990-та година и првите слободни избори, 4 години подоцна. Сепак, загриженост кај многубројните посетители предизвикуваат неколкуте инциденти во кои странски новинари и фудбалери беа ограбени во Јоханезбург.
XS
SM
MD
LG