Достапни линкови

Ахмадинеџат во посета на Кина, но само на ЕКСПО


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат денеска заминува во посета на Кина, само еден ден откако во Советот за Безбедност беа изгласани нови санкции против неговата земја, што ги подржа и Кина. Кинеското министерство за надворешни работи оцени дека односите со Иран нема да бидат нарушени, но според Техеран, Кина ја губи угледната позицијата во исламскиот свет. Предвидено е Ахмадинеџат утре да го посети ЕКСПО во Шангај и засега не се најавени средби со кинески официјални претставници.
XS
SM
MD
LG