Достапни линкови

logo-print

40 загинати, 70 повредени при експлозија на свадба во Кандахар


Најмалку 40 луѓе загинале, а над 70 биле повредени при експлозија на една свадбена веселба во јужната авганистанска провинција Кандахар. Според министерството за внатрешни работи, станува збор за самоубиствен напад, а многумина од гостите биле од локалната полиција. Портпарол на талибанците демантира дека тие стојат зад нападот. Инаку, само во оваа недела, во разни инциденти во Авганистан, загинале 20 странски војници, вклучувајки и 4-ца американци, кои настрадаа кога беше соборен хеликоптер на НАТО во провинцијата Хелманд.
XS
SM
MD
LG