Достапни линкови

logo-print

Протести против шефот на иранската дипломатија во Даблин


Иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки, за време на посетата на Даблин, се соочи со неколкумина демонстранти против иранскиот режим. Двајца дисиденти извикуваа дека Мотаки е претставник на терористички и диктаторски режим, по што беа отстранети од прес конференцијата. Неколкумина демонстранти фрлаа со јајца врз автомобилот со кој Мотаки си заминуваше од Даблинскиот Институт за Меѓународни и Европски Прашања. Ирската полиција уапсила тројца демонстранти.
XS
SM
MD
LG