Достапни линкови

Пато на трибините


Бразилскиот фудбалер Пато на Светското првенство во Јужна Африка ќе го следи националниот тим како навивач.

Бразилскиот фудбалер Алесандре Пато го следи националниот тим како навивач во Јужна Африка, бидејќи не успеа да избори место меѓу 23 цата играчи на петкратниот светски првак на годинашниот Мундијал.

Дваесет годишниот Пато кој неочекувано ќе мора да се одмора од напорната сезона во Милан реши да допатува во Јужна Африка и да ги поддржи своите пријатели во намерата и по шестти пат да станат светски шампиони.

Во екипата на Бразил нема да се најде и соиграчот на Пато во Милан, Роналдињо, што и не претставува изненадување, бидејќи селекторот Дунга неколку пати изразуваше незадоволство поради неговото однесување.

Пато беше во тимот на Бразил кога во минатата година триумфираше во Купот на Јужна Америка. Тогаш кариоките ја победија селекцијата на Содеинетите држави со 3:2.

Бразил на Свесткото првенство ќе игра во Групата Г со репрезенатциите на Португалија, Брегот на слоновата коска и Северна Кореа.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG