Достапни линкови

logo-print

Обама: санкциите јасна порака до Иран


Американскиот претседател Барак Обама оцени дека резолуцијата на Советот за безбедност на ООН за построги санкции спрема Иран „испраќа јасна порака“ до Техеран. Обраќајќи се пред новинарите во Белата Куќа, набргу по усвојувањето на резолуцијата, Обама рече дека иранските лидери се кријат зад „чудна реторика“ додека преземаат „многу загрижувачки чекори“ за да дојдат до нуклеарно оружје и ги нарече последните санкции најстроги до сега воведени против Иран.
XS
SM
MD
LG