Достапни линкови

Обама се сретнал со лидерот на Палестинците


Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека САД ќе одвои 400 милиони долари за помош за Палестинците . Обама денеска имаше средба со претседателот на Палесинците Махмуд Абаз. Американскиот претседател го повика Израел да соработува со сите партнери за да се најде решение за Газа, а го повика и Израел да одговори на ОН за истрага на настанот со нападот на бродовите кои носеа помош за Газа. Абаз изјавил дека треба да се укине блокадата на палестинскиот народ. Обама верува дека до крајот на оваа година може да се направи значителен напредок во блискоисточниот мировен процес

XS
SM
MD
LG