Достапни линкови

Грција во септември ќе добие втора рата од ММФ


Грција во септември ќе ја добие втората рата од 110 милиони евра, билатерална помош од ЕУ и ММФ, изјавил грчкиот министер за финансии Јоргос Папаконстантину. Атина вети дека ќе спроведе мерки со кој ќе се заштедат вкупно 45 милијарди евра во периодот помеѓу 2010 и 2013 година, со што би се намалил буџетскиот дефицит за 11 отсто бруто домашен производ. Досега не е забележано такво намалување во светот. Официјални лица од ЕУ и ММФ ќе пристигнат на 14 јуни во Атина за да започнат ревизија на грчките финансии и проверка на напредокот во спроведените реформи.
XS
SM
MD
LG