Достапни линкови

Волбек:Претставниците на заедниците треба да го познаваат официјалниот јазик


Претставниците на заедниците треба да имаат право да ги зборуваат меѓусебните јазици, а исто така треба да имаат и соодветно знаење за јазикот кој е официјален во државата, оцени Кнут Волебек, висок комесар за национални малцинства на ОБСЕ, на денешната промоција на резултатите од истражувањето за состојбите во основното образование на децата на припадниците на заедниците во Македонија. Волебек рекол дека во Македонија има добра законска основа тоа да се постигне, но Владата треба да направи напор законите да се спроведат, а не како во многу други земји законот да не се спроведува во практика.
XS
SM
MD
LG