Достапни линкови

Гејтс:ЕУ ја турна Турција кон Исток


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави денеска дека Европската унија ја турна Турција кон Истокот , со својата неподготвеност да ја прифати земјата како своја членка. Гејтс изјавил дека Соединетите држави и нејзините сојузниcи треба добро да размислат зошто се сменила политиката во Турција и да размислат на кој начин земјата да ги зацврсти односите со Западот. Тој исто така, изразил загриженост поради влошувањето на односите помеѓу Турција и Израел, по нападот на бродовите кои носеа помош за Газа
XS
SM
MD
LG