Достапни линкови

Нови партиски вработувања?


Зградата на Владата на Р Македонија

Зградата на Владата на Р Македонија

Нови пет илјади лица ќе бидат вработени во јавната администрација. Додека власта тоа го образложува со препорака од Европската Комисија со цел професионализација на администрацијата, експертите стравуваат од нови злоупотреби и партизирање на администрцијата.

Официјално, нови пет илјади, а неофицијално многу повеќе административци ќе добијат работно место во јавната администрација. Власта тоа го образложува со препорака на Европската комисија во насока на професионализација на администрацијата.
Ваква препорака е логична ако се земе предвид непрофесионалната администрација, но најверојатно таа ќе биде злоупотребена, вели професорот Темелко Ристевски.
Во најголем број тоа се партиски војници од кои што утре ќе се регрутира едно ефикасно гласачко тело, станува збор за пет илјади луѓе и плус нивните блиски, роднини, пријатели, се обезбедува еден значител број на
гласачи.


„Во најголем број тоа се партиски војници од кои што утре ќе се регрутира едно ефикасно гласачко тело, станува збор за пет илјади луѓе и плус нивните блиски, роднини, пријатели, се обезбедува еден значител број на гласачи.“
Хисен Рамадани

Најверојатно станува збор за лица со договор за дело што е недозволиво и за Европската Комисија, но без оглед на бројката таа ќе биде, според Ристевски, дополнително оптоварување за прекубројната администрација која истовремено страда и од нестручност и е извор на неефикасност.
Дали нововработените ќе добијат реално и работни задачи е сосема незивесно со оглед на тоа дека и досега вработените честопати не ги знаат своите обврски во администрацијата, додава аналитичарот Хисен Рамадани. Како земја којашто се стреми
Најчесто не исполнуваме некои барања на ЕУ или на европскиот меѓународен фактор, а од друга страна подготвени сме на еве вакви големи политички потези за да покажеме дека ажурно ги реализираме нивните барања
кон ЕУ ќе треба и администрацијата да ги достигне тие критериуми. Од друга страна, вели тој, владата во почитувањето на оваа препорака од ЕК гледа и можност да си припише позитивен поен со оглед на тоа дека тоа не е редовна пракса што се однесува до европските препораки.

„Најчесто не исполнуваме некои барања на ЕУ или на европскиот меѓународен фактор, а од друга страна подготвени сме на еве вакви големи политички потези за да покажеме дека ажурно ги реализираме нивните барања.“

Своевиден преседан во раките на ЕУ, предупредуват експертите е и самото тоа што било дозволено во администрацијата да бидат примени лица коишто не биле вработени со години. Од власта рекоа дека тие нема да ги стопираат досегапшните вработувања според рамковсниот договор и дека и во рамките на овие вработувања ќе се почитува принзипот на правична и соодветна застапеност на припадниците на Албанците и на другите етнички заедници.
XS
SM
MD
LG