Достапни линкови

Мерки за ред и мир во Ј.Африка


Владата на Јужна Африка издаде остро предупредување дека нема да толерира нереди за време на Мудијалот и вети спречување на какво било препродавање на билети за натпреварите. Овие мерки на владата на Јужна Африка се со цел да ги уверат странските посетители дека ќе бидат безбедни за време на одржувањето на Светскиот куп. Стапката на криминал во Јужна Африка е висока, се случуваат околу 50 убиства дневно, речиси исто колку во Соединетите Држави, кои пак имаат 6 пати побројна популација. За време на фудбалското првенство, во Јужна Африка ќе бидат распоредени дополнителни 40 илјади полицајци.
XS
SM
MD
LG