Достапни линкови

Иванов ја заврши посетата на Истамбул


Присуството на Конференцијата за интеракција и градење мерки на доверба во Азија во Истанбул овозможи обновување на старите и воспоставуање нови контакти со шефови на држави, кои се од исклучителна важност.
Ова е оценката на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов кој два дене беше на Конференцијата во Истамбул.
Тој ја заврши посетата на Истанбул со средби со турскиот претседател Ѓул, со принцот на Кувајт Ал-Ахмед Ал-Џабер Ал-Сабах, како и со високиот НАТО претставник Роберт Симонс.
Претседателот Ѓул ја повторил поддршка од Турција за Македонија. На средбата со Симонс, биле искажани високи оценки за подготвеноста на нашата земја за полноправно членство во НАТО, но и ставот дека единствената пречка е решавањето на прашањето за името.
XS
SM
MD
LG