Достапни линкови

Нападнат конвој на НАТО во Пакистан


Во напад врз конвој со набавки за НАТО силите во Авганистан, во близина на Исламабад загинале најмалку 7 лица. Станува збор за прв таков напад во близина на главниот град на Пакистан. Според полицијата нападот бил извршен од 10 милитанти на мотори, кои потоа избегале. Околу три четвртини од набавките за меѓународните сили во Авганистан се траспортитаат преку Пакистан. Нападите во последно време го принудија НАТО да бара алтернативни патишта, меѓу кои, и во Централна Азија.
XS
SM
MD
LG