Достапни линкови

logo-print

Советот за безбедност на ОН ќе се изјасни за санкциите против Иран


Советот за безбедност на ОН денеска треба да гласа за резолуцијата со која се воведува четвртиот круг санкции против Иран поради неговата нуклеарна програма. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека последните санкции ќе бидат досега најостри со кои се соочил Техеран. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, пак, истакна дека неговата земја ќе отфрли какви било разговори за нуклеарната програма доколку резолуцијата биде изгласана. Претходно агенциите јавија дека клучните сили во Советот за безбедност се договориле за пописот на нови ирански поединци и фирми кои ќе се најдат на удар на четвртиот круг санкции. Според дипломатски извори, таквиот договор значи дека нацрт резолуцијата најверојатно би била поддржана од 12 од вкупно 15 членки на Советот, меѓу кои и сите пет земји со право на вето.
XS
SM
MD
LG