Достапни линкови

Либија нареди затворање на канцеларијата на УНХЦР


Либиските власти без никакво образложение му наложиле на Високиот комесаријат на ОН за бегалци- УНХЦР да ја затвори канцеларијата во таа земја, изјави портпаролката Мелиса Флеминг. Таа изрази длабоко жалење поради таквата одлука, додавајќи оти властите во Триполи не изнеле никаква причина за тоа. Флеминг изјави дека се надева оти одлуката за затворање на канцеларијата е привремена.
XS
SM
MD
LG