Достапни линкови

Времето сончево, најавен топол бран од Африка


Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност. Утринската температура се движи од осум до 15, а дневната ќе биде од 26 до 33 степени. Во Скопје ќе биде сончево со утринска температура до 13, а дневната до 32 степена.
Сончево, претежно тивко и многу топло време најавуваат од Управата за Хидрометеоролошки работи за наредните денови со температура до 39 степени. Топлиот бран ќе дојде од северните делови на Африка и ќе ги опфати Балканскиот полуостров и централна Европа. Топлото време и зголемените температури ќе се задржат до почетокот на наредната недела, а температурата во југоисточните делови на земјава ќе достигне до 39 степени.
XS
SM
MD
LG