Достапни линкови

Македонија средно-мирна земја


Македонија е рангирана на 83-то место од вкупно 149 земји во светот според Индексот на светскиот мир, а во регионот на Централна и Источна Европа се наоѓа на 15-то место од вкупно 27 држави. Институтот за економија и мир, во извештајот за 2010 година, пишува дека почитувањето на човековите права во Македонија е подобрено, но оти земјата не може да биде повисоко рангирана поради криминалот и лесниот пристап до оружје. Извештајот покажува дека глобалниот мир се влошува втора година по ред.
XS
SM
MD
LG