Достапни линкови

logo-print

Иран нема да ги трампа американските туристи за иранскиот научник


Иран не планира да ги трампа тројцата заробени американски туристи за иранскиот научник кој е притворен во Соединетите држави. Портпаролот на министерството за надворешни работи на Иран, изјавил дека нема да се разменуваат луѓе за кои сеуште се води судска постапка. Иран мината година уапси тројца Американци кои се обвинети дека нелегално влегле во државата и шпионирале, а за иранскиот научник кој исчезна исто така минатата година, тврдат дека е киднапиран од САД.
XS
SM
MD
LG