Достапни линкови

Словенечките бизнисмени бараат Западен Балкан да влезе во ЕУ


Словенечките бизнисмени бараат земјите од Западен Балкан што побрзо да влезат во Европската Унија. Тие побарале од Владата да обезбеди поголем поттик за компаниите кои учествуваат на пазарот на Западен Балкан. Министерот за надвошрени работи на Словенија, Самуел Збогар изјавил дека неговата земај има двојна улога, од една страна таа е преставник на ЕУ, од друга нејзина задача е да им помага на земјите од регионот да ги следат нејзините чекори и да им дава совети и помош. Досега чекорите на Љубљана беа некоординирани, но со новите насоки усвоени во март, тоа ќе се промени, изјавил Збогар. За Словенија пазарот на Западен Балкан е многу значаен, бидејќи во тој регион се реализира 16, 5 проценти ос словенечкиот извоз и 7 проценти од увозот.
XS
SM
MD
LG