Достапни линкови

Власта бега од одговорност?


Зградата на Владата на Р Македонија
Зградата на Владата на Р Македонија

Власта ја подготвува јавноста за можноста на јунскиот самит да не добиеме датум за преговори со ЕУ. За аналитичарите тоа е јасен сигнал дека власта подготвува терен за свое амнестирање. Тие потсетуваат дека без поместување на позициите во спорот за името нема да се направи ниту чекор напред кон ЕУ.

Вицепремиерот Наумовски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски преку вчерашните изјави ја подготвија македонската јавност дека врз основа на досегашните искуства нема да биде изненадување ако на јунскиот самит не добиеме датум за преговори со Унијата. За ова, тие рекоа, ќе биде одговорна не само Грција туку и ЕУ. Преку ваквите настапи станува очигледно дека македонските власти сега бегаат одговорноста, коментираат експертите, поради тоа што е јасно дека без поместување на позициите во спорот за името нема да се направи ниту чекор напред кон ЕУ.
Јас мислам дека тоа е веќе подготовка за амнестирање од вината и затоа такви изјави се даваат во последно време. Не само што не се решило, апсолвирало прашањето за името, туку ние немаме некој конкретен напредок во таа насока.


„Јас мислам дека тоа е веќе подготовка за амнестирање од вината и затоа такви изјави се даваат во последно време. Не само што не се решило, апсолвирало прашањето за името, туку ние немаме некој конкретен напредок во таа насока“, изјави аналитичарот Алберт Муслиу.

Од друга страна, одговорноста владата би можела да ја сподели со останатите релевантни политички субјекти во државата доколку прашањето на нашите евроинтеграции и на спорот за името го постави потранспарентно и иницира создавање внатрешен консензус по прашањето, вели политикологот Владимир Божиновски.

„Мора на некој начин повеќе да се ангажира отколку опозицијата. До сега беше, „ние сакаме, но тие не сакаат“, значи меѓусебни обвинувања, но мора владата да се ангажира повеќе и да се постигне консензус.“

Има ли преговори? Министерот Антонио Милошоски и Медијаторот на ОН Метју Нимиц

Мора на некој начин повеќе да се ангажира отколку опозицијата. До сега беше, ,,ние сакаме, но тие несакаат“ значи меѓусебни обвинувања, но мора владата да се ангажира повеќе и да се постигне консензус.

Наместо тоа, од властите добиваме псотојано дијаметрално различни изјави коишто не и помагаат на јавноста да добие прецизни информации за тоа на што инсистира грчката страна и како го прави тоа како и на што инсиситира македонската страна, додава Муслиу.

„Не дека е нетранспарентен туку е и многу конфузен со изјавите што ги даваат политичарите и се тоа се користи за нивна придобивка, за вината да ја префрлат на друга страна.“

Решавајќи ја конфузијата и обидувајќи се да создаде консензус, можеби ќе ги разубеди европските дипломати дека кај неа како да почнуваат да преовладуваат други интереси наспроти евроинтегрирањето, велат експертите. Уште повеќе што тие интереси не се конкретно ориентирани интереси коишто нудат одредена перспектива туку само се се помалку европски интереси, коментира Муслиу.
На интернет страницата на Радио Слободна Европа на читателите им го поставивме прашањето дали Република Северна Македонија е разумен компромис на што 30 проценти одговориле со да, а над 60 проценти со не.
XS
SM
MD
LG