Достапни линкови

Наместо инвестиции, зоните под концесија


Слободна економска зона Бунарџик кај Скопје

Слободна економска зона Бунарџик кај Скопје

Според опозицијата понудата на слободните економски зони под концесија е доказ за неуспешноста на овој владин проект. За бизнисмените пак, тоа е показател дека владата „лута“ по решение, но тоа нема да дојде без стабилен политичко економски систем.

Владата слабо менаџира со слободните економски зони, сметаат претставници од бизнис заедницата. Понудата на зоните под концесија е доказ за неуспешноста на проектот, велат од опозицијата. Бизнисменот Ристо Гуштеров вели дека Владата „лутала по решение за слободната економска зона Бунарџик“.
Во ,,лутањето“ на владата неможат да најдат решение прво поради тоа што незнаат како да го менаџираат целиот процес, второ поради немање средства во буџетот за завршување на комплетната инфраструктура.


„Во лутањето на владата по решение околу слободната економска зона во Бунарџик и воопшто во економските зони што таа ги направи, неможат да најдат решение прво поради тоа што незнаат како да го менаџираат целиот процес, второ поради немање средства во буџетот за завршување на комплетната инфраструктура во слободната зона Бунарџик.“

Стабилниот економски и политички систем е предуслов за инвестиции, додава Гуштеров.

„Решението во полнењето на фабрики, односно поагресивното доаѓање на странски инвеститори во слободната економска зона Бунарџик, ја гледам исклучиво во стабилниот економско политички систем на Македонија кој што не е на задволитилно ниво и во давањето на поволности на странските инвеститори за да ја разберат Македонија како сериозна дестинација за вложување.“

Фатмир Бесими - министер за економија

Вчера министерот за економија Фатмир Бесими најави дека Владата, за да привлече повеќе инвестиции, ќе го менува Законот за технолошки индустриски зони. По примерот на други земји, зоните ќе одат под концесија. Од тука се поставува и прашањето дали ваквиот потег е показател за досегашно неуспешно менаџирање со овој дел од проектот за привлекување на странски инвестиции? Пратеничката на опозициската ЛДП Роза Топузова Каревска потсетува на најавите на актуелната власт за приоретизирање на економијата.

„Се покажа дека најверојатно ги замрзна и стие проекти во економијата.“
Се покажа дека најверојатно ги замрзна и стие проекти во економијата.


Каревска вели дека најавата за концесионирање на слободните економски зони е показател за неуспехот на оригиналната замисла:

„Најверојатно ова се некои очајнички обиди на Владата што исто така не очекувам дека ќе дадат некои поразлични резултати од она што досега го видовме.“

Инаку, додека се градеше првата економска зона во земјава, беше најавувано дека во првите дванаесет месеци ќе се привлечат најмалку 12 странски инвеститори. За сега во Бунарџик има две активни фабрики а во изминатиов период се најави активирање на уште двајца инвеститори. Во Македонија има две функционални слободни економски зони. Една се гради, а вкупно 11 се во план.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG